,,Претепаниот” напаѓач на Максим Димитриевски кој се жалеше на повреди, ја напуштил Македонија

0
1569

Еден од напаѓачите на пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски, кој се жалеше пред камерите на порталот „Курир“ за наводно извлечен подебел крај од напад од страна на Димитриевски, веднаш оздравел и ден по настанот бил кум на свадбена веселба.

Веднаш по ова експресно ја напуштил државата во тек на полициската истрага.md-sop-1

Добар дел од полицајците кои што вечерта биле на работа додека е заведуван случајот или се на боледување или под други образложенија не се појавуваат на работа.

Димитриевски се жалеше на монтиран процес и свесни пропусти во постапката, бришење на неговата пријава од полицискиот дневник, свесно уништување на докази и злоупотреби на службена положба.

А1 дознава дека еден од напаѓачите, вооружен полицаец во цивилка, според исказот на Димитриевски, во алкохолизирана состојба со насилство атакувал на него, пред да се појави на местото на настанот претходно седел и пиел заедно со началникот на СВР Куманово и дел од колегите кои што вечерта биле во интервенција по пријавата на пратеникот и вработените во ресторанот.

md-sop-2

МВР излезе со експресно соопштение иако случајот сеуште не е расчистен, провладините медиуми го искористија како алиби да го оцрнат пратеникот, МВР во еден ден објави две наменски информации во кои го злоупотреби идентитетот на пратеникот и со тоа му нанесе штета, тоа се гледа од приложените слики.

– Кој го мести Димитриевски и од жртва се обиде да го представи како злосторник?

Го контактиравме и прашавме Максим Димитриевски за овие наводи, ни рече дека во случајот се инволвирани високи партиско полициски структури на власта, поседува многу докази и истите ќе ги изнесе во целост во легитимна законска постапка.

„Вистината не може да се сокрие, ќе следува постапка кој ќе го докаже тоа, во системот покрај партизираните и корумпираните има и професионалци, верувам дека токму тие ќе го расветлат случајот. Тоа што мене ми се случи е во втор план во однос на тоа што им се случува на невини граѓаникако жртви на монтирани процеси. Мора да се избориме против власта и полицијата да стане апарат за заштита на граѓаните а не партиските структури да ја злоупотребуваат како механизам за пресметки и тортура врз неистомислениците“, вели Димитриевски за А1он.

Димитриевски објави и видео на кое се гледа, како што вели, вистината дека е нападнат на семејна веселба.