ПРЕСУДА НА СТРАЗБУР : Да се регистрира здружение на Македонците во Бугарија

0
135

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Македонците во Бугарија.

Здружението на Македонци во Бугарија „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ со седиште во Благоевград, го доби неколкугодишниот спор со Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако се жалеше дека Бугарија не сака да ги регистрира.

Дополнително Бугарија ќе треба да плати и оштета во висина од 7, 5  илјади евра и тоа во рок од три месеци.

Со оваа пресуда, Македонците во Бугарија завршија спор кој се води уште од 2013 година. Ова не е единствен добиен спор на здриженијата на Македонците со официјална Софија.

ОМО  Илинден – Пирин и покрај неколку добиени пресуди во судот за човекови права не може да се регистрира како партија на Македонците и да учествува на избори.