По скоро една година, конечно дел од јаболко производителите го добијаа обештетувањето, а дел би требало да го добијаат во наредните денови.
Исплатени се симоболични суми во зависнот од реоните и штетата. Обештетувањето е премногу закаснато, јаболко произвоителите тврдат дека доколку би го добиле на пролет би било повредно. Јаболко производителите велат дека нивното обештетување ќе биде добредојдено и ако е далеку пониско од реалната штета што беше нанесена минатата година.
На ниво на држава каде што се случија вакви непогоди премиерот најави дека ќе бидат обештетени 100%, што не е случај и кај нив! Меѓу другото , како државата е спремна да издвојува и по 10 милиони за еден споменик , а не е спремна да издвои толку за Преспа, со која би биле 100% обештетени производителите, туку се издвоени помалку од 2 милиони евра.
– Преспанчани не се криви што падна град и им ги уништил посевите, за тоа директно е одговорна државата затоа што ја укина противградната одбрана , и го продаде небото за авио-линии, од кое корист имаат само тие , а ние немаме никаква корист туку само огромни штети и последици велат производителите.