Фото : 24.МК
Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кекишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис.
Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас – рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.
На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо.
Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив.
Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.