ПРЕНЏОВ : СЛУГУВАЊЕТО НА СДСМ КОН ДУИ Е ШТЕТНО И СЕ ОДРАЗУВА КОН ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО, А ВЛАСТА ИЗМИНАТИТЕ 4 ГОДИНИ НЕ ИСПОЛНИ НИШТО ОД ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА

0
614

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека слугувањето кон ДУИ на власта е штетно и се одразува кон целото општество, а власта изминатите 4 години не исполни ништо од предизборните ветувања како нов клинички центар, студентски домови и подобри услови за студентите и земјоделците а повторно ги ветува истите работи.

„Ова слугување кон ДУИ штетно се одразува кон сите кон целото општество, мислам дека тоа го имате не само во Собранието, не само во Владата го имате во секој ешалон на власта. Мислам дека кога ќе зборувате за процедури закони а притоа како партија со голем број на пратеници ги губите атрибутите кои што треба да ги имате согласно демократските начини на владеење, во кои што практично партијата со најголем број пратеници дава премиер, а вие давате на ДУИ и сега ми зборувате овдека за принципи за закони. Ова граѓаните го зборуваат, еве ве прашувам зошто гласачите на СДСМ се чувствуваат понижени“, праша Пренџов.

Пренџов истакна дека власта настапува со истите ветувања како во 2020 година а не исполни ниту едно ветување кон народот, како ветувањето за нов клинички центар, нови студентски домови, подобри услови за земјоделците и многу други.

„Вашата политичка потчинетост кон ДУИ не е политичка реторика туку граѓанска, бидејќи тоа е флагрантно, од авион се гледа, афери, сомнежи за криминал. Зборувате за светла иднина а секојдневно во медиумите гледаме црнила, црни теми, зборуваме за лоши работи во општеството не зборуваме за напредок и кога ве слушам вас ми текнува како во 2020 година ветувавте насмеани пациенти во нов клинички центар, вашиот другар Богоев ветуваше насмеани студенти во нови студентски домови, ветувавте 750 километри автопати имавте спотови со нови комбајни и среќни земјоделци за по 4 години црнила во оваа држава за повторно да ги зборувате истите работи од 2020 година и да мислете дека некој овде како вчера да се родил“, кажа Пренџов.