Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ПРЕНЏОВ : СДС И ДУИ-ИНГ БИЗНИС ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ИНДИЦИИ ВО РЕК БИТОЛА, КАДЕ НАМЕСТО ЗА КОПАЊЕ РЕСУРСИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, СЕРИОЗНИ ПАРИ СЕ ИНВЕСТИРАЛЕ ЗА НИВНО ЗАКОПУВАЊЕ

Господине Битиќи го гледам амандманот пред мене, изработка на Студија за воведување на водород во производството, да се модернизира, да нема јаглероден диоксид- тоа се’ вака убаво кога би дошло од некој човек којшто навистина го мисли тоа. Ама господине Битиќи, не сакам да ме сфатите погрешно, кога доаѓа од поранешен, до вчерашен, до пред неколку месеци втор човек во државата за координација на економските ресори, а енергетиката и тоа како е многу важен и значаен економкси ресор, според мене е невкусно, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов говорејќи по поднесените амандмани на денешната Комисија за финансирање и буџет.

Според него пред да се разговара на овие теми е подобро СДС да се произнесе за последните индиции во РЕК Битола додека беа на власт, каде инвестирале сериозни пари, не за откопување на ресурси за производство на електрична енергија, туку во закопување на ресурси на електрична енергија кои не можат да се пронајдат.

„Од холдингот ДУИ-инг бизнис и од СДС, сте се договориле да едни раководат со РЕК Битола, со Електрани на Македонија, а другите да раководат со набавка и трансфер на јаглен. И сега вие сте биле вице-премиер за координација на економски ресори во влада во која што договорт за тоа колку чини јагленот, колку чини транспортот е државна тајна или деловна тајна. Договорот не беше класифициран и даночните обврзници на оваа држава не можеа да видат колку чини тој договор. А вие кои сега зборувате за водород и за 22 век сте биле подпретседател на таа влада“, концизен е Пренџов.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ