Saturday, December 14, 2024
-0.2 C
Skopje

ПРЕНЏОВ : СДС И ДУИ ГИ ПРОДАВАА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА СМЕТКА НА ВОЛЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ БОРИ ЗА ИСТИТЕ ПРЕКУ СИЛНА ДИПЛОМАТИЈА

Во емисијата ,,24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, изрази јасна поддршка за претседателот на Влада, Христијан Мицкоски и за неговата меѓународна активност, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон. Пренџов истакна дека иако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува дипломатските напори за унапредување на позициите на Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ, не прифаќајќи уцени или диктати кои се спротивни на националните интереси.

„Нашиот став е многу добро познат дека не прифаќаме уцени и диктати. Од друга страна, многу е важна меѓународната активност на владата, која се одвива со многу големо и жестоко темпо. Изминативе 4 месеци Вашингтон, Лондон, Прага, па сега и Будимпешта. Ова е многу добра иницијатива која ја иницираше претседателот на Франција, Емануел Макрон каде што се одржуваат средби на сите влади на сите европски држави, без разлика дали се членки на ЕУ или не и без Русија“, изјави Пренџов.

Пренџов нагласи дека оваа активност е клучна не само за лобирање на интересите на Македонија, туку и за создавање нови билатерални односи кои ќе придонесат за економскиот развој, додавајќи дека Македонија треба да се стреми кон силна дипломатија која ќе овозможи континуиран развој во сите сфери.

„Ова е одлична можност не само за политичките разговори и лобирањето за Република Македонија и кажувањето на вистината и нашите ставови, туку и можност да се разговара со билатерални сили со цел да воспоставиме други држави со кои традиционално ги немаме тие билатерални односи, како и да се развие економијата. За нас, како мала држава, важно е да имаме една ваква силна дипломатија“, истакна Пренџов.

Пренџов се осврна на одлуките кои ги носела владата на СДС и ДУИ изминативе 7 години и кои прифаќале компромиси спротивни на волјата на македонскиот народ.

„Она кое што го имаме во јавноста во изминатиов период е дека владата на СДС и ДУИ на сите странски делегации, на сите челници на влади им кажувале дека нема никаков проблем да се прифати нешто за кое што, три четвртини од македонскиот народ беше против“, посочи Пренџов.

Пренџов ја нагласи позицијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија треба да продолжи со процесот на интеграција во ЕУ, но тоа да се случи без отстапки од националниот интерес.

„Нашата цел е, како Македонците и сите граѓани кои живеат во Република Македонија да ги внесеме во ЕУ. Ако целта на бугарите е да влезат во македонскиот Устав, е денот кога ние ќе влеземе во ЕУ, тогаш тие ќе бидат дел од нашиот Устав, и од таа позиција не се поместуваме“, изјави Пренџов.

Пренџов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за интересите на Македонија и ќе побара поддршка од европските држави за да се заштитат интересите на земјата во процесот на интеграција во ЕУ.

„Влада која нема народен кредибилитет и легитимитет и договара нешто кое е спротивно на нивниот народ и спротивно на волјата на граѓаните, е нешто кое ние сега сме должни да го исправиме и да го разговараме, и да побараме помош од било која европска држава“, заклучи Пренџов.

ОВАА НЕДЕЛА

КУРТИ ОД ЗАГРЕБ : СРБИЈА НЕ Е ДЕМОКРАТСКА, ТУКУ ПАРАВОЕНА ДРЖАВА

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац....

АВСТРИЈА ИМ НУДИ 1.000 ЕВРА НА СИРИСКИТЕ БЕГАЛЦИ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА

Австриската конзервативна влада денес објави дека на сириските бегалци...

НЕНСИ ПЕЛОСИ ПАДНА ПО СКАЛИ ВО ЛУКСЕМБУРГ, ВЕДНАШ Е ХОСПИТАЛИЗИРАНА

Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД,...

БАБА НА 90 ГОДИНИ ДОБИ ФАКУЛТЕТСКА ДИПЛОМА

Анет Роберж, 90-годишна мајка на пет деца, баба на...

ЖИТЕЛИТЕ НА ОВАА ЗЕМЈА СЕ ДОЛЖНИ ДА КАЧАТ АВТОСТОПЕРИ БИДЕЈЌИ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ Е МНОГУ ЛОШ

Автостопот е најевтиниот, но и најризичниот начин на превоз....

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЗУРАБИШВИЛИ : ДЕНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ГРУЗИЈА СЕ ПАРОДИЈА, ПРОВОКАЦИЈА И НЕЛЕГИТИМНИ

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, чии овластувања истекуваат на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ