Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВО ЛОНДОН СЕ СРЕТНА СО РУМЕН РАДЕВ, МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ПОБАРАЛ ТРАЈНО РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон.„Румен Радев, во разговор со премиерот Христијан Мицкоски, изрази надеж дека Република Северна Македонија ќе го забрза спроведувањето на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите на земјата со Европската Унија, кои ќе ја отворат перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ“, соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател, објави БГНЕС.

Како што се наведува, Мицкоски побарал трајно решение на проблемот со Бугарија. Минатиот месец тој изјави дека се додека е на функција нема да се потчини на „бугарскиот диктат“ за уставни измени.„Главен приоритет на Македонија и на новата Влада на Македонија се добрососедските односи и евентуално изнаоѓање трајно и стабилно решение на проблемот што го имаме со нашиот источен сосед“, нагласи Мицкоски за средбата со Радев.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ