ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СЕ НЕГАТИВНИ НА ТЕСТ НА КОРОНА, НО ОСТАНУВААТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ОД ПРЕВЕНТИВНИ ПРИЧИНИ!

0
248
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:  Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.

Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.

И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за  физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.

Во својот апел претседателот на Владата порачува дека секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала и се заблагодари за поддршката.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: 
Почитувани,
Министерството за здравство информира дека резултатот од тестирањето за КОВИД-19 на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче е негативен.
Според проценката на епидемиолозите, министерот Филипче не беше во ризик, но сепак тој одлучи да остане во самоизолација.
„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена.
Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата и така ќе биде и во наредната недела.
Им благодарам на сите граѓани на поддршката и во оваа прилика уште еднаш потсетувам дека личната одговорност е предуслов за колективното здравје.
Почитувањето на мерките досега покажа резултати. Ако останеме доследни на ова и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба“, изјави министерот Филипче.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство