Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа, кој се одржува во Дубровник, Хрватска.
Самитот го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.
Во македонската делегација, која ја предводи премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.
„Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето траен мир. Регионот обединет во заедничката цел“, напиша на Фејсбук Мицкоски.
Станува збор за трет самит по ред: првиот е одржан во август 2022 година во Атина, а вториот во Тирана, Република Албанија, во февруари, годинава. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина. На овој самит се најавени претставници од 12 држави од регионот.