Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ УТРЕ ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАН ПРВ КАТ НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА ВО СКОПЈЕ, ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 40.000.000 ДЕНАРИ

Утре 30.12.2024 година (понеделник) со почеток во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.
Клиника за психијатрија, отворање на комплетно реновиран прв кат, поставувањето нова фасада, нов кров и нова фасадна столарија на клиниката. Со ова значително се подобрува енергетската ефикасност на клиниката, се намалуваат губитоците на топлинска енергија и ќе има заштеда на електрична енергија, средства кои повторно остануваат во здравствениот систем во интерес на пациентите.
Првата фаза од проектот е финансирана преку Светска банка во соработка со Министерство за финансии во делот на подобрување на енергетската ефикасност реализирана минатата година, по што Министерството за здравство се вклучи во делот на внатрешно реновирање, односно комплетно е реновиран првиот кат, каде има и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп.
Вкупната сума на инвестицијата изнесува над 40.000.000 денари. Преку проектната единица на Министерство за финансии за првата фаза се инвестирани 29.000.000 денари, а 12.000.000 денари преку Министерство за здравство за реализација на втората фаза.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ