Утре 17.06.2025 година (вторник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Битола.
Во 11:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.
Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.