ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ : ПРОЕКТОТ ЧЕБРЕН Е СТРАТЕШКИ ВАЖЕН ЗА РАЗВОЈОТ НА ДРЖАВАТА, ОСВЕН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ОД НЕГО ЌЕ СЕ НАПРАВИ ГОЛЕМ РЕЗЕРВОАР СО ПИВКА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ НО И ЗА НАВОДНУВАЊЕ, ЗА ТОА КОЈ И КАКО ЌЕ ГО ГРАДИ ЌЕ НАПРАВИМЕ ПОВЕЌЕ АНАЛИЗИ

0
62
  • За нас Чебрен е од стратешко значење, не сите проекти се економско исплатливи и не сите проекти се за таа намена, за која што првично мислиме дека се. Да, проектот Чебрен во јавноста е познат како хидроцентрала која треба да произведува електрична енергија, но јас не би го занемарил фактот дека лично сум убеден дека на идните генерации им е потребен уште еден резервоар вода. Имајќи во предвид глобалното затоплување, имајќи ги предвид предизвиците со глобалното затоплување мислам дека новото езеро коешто ќе биде дел од овој проект е уште една можност за генерациите којшто доаѓаат по нас, да имаат уште еден резервоар вода.

    Второ, долу го имаме тиквешкото поле кое што по мене го има најубавото вино во Европа и најубавото грозје трпезно во Европа.Отприлика околу 50 до 55 илјади хектари ќе имаат дополнителен резервоар за наводнување.И конечно на крај немаме ограничување од типот на заштита на животната средина и можеме непречено да го развиваме туризмот и да направиме таков тип на населби коишто ќе значат многу за локалната економија но и за нас како држава па дури потоа доаѓаме до четвртиот приоритет а тоа е производството на електрична енергија. Набргу од денеска очекувам јасен план да разработиме и набргу од денеска очекувам да почнеме и конечно да го завршиме овој проект.

    Дали тоа ќе биде со стратешки партнер, дали државата ќе обезбеди финансирање па самата ќе го изгради ќе направиме јасна анализа.