Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста од интервентни мерки кои би се донеле на следната владина седница, во вторник, кога Пазарна и економија ќе го презентираат 6 месечниот извештај. Тој ќе покаже колкави маржи ставале трговците, дистрибутерите и производителите во големите маркети, а ќе бидат опфатени и аптеките и продавниците за бела техника.
Можно е, вели премиеирот, Владата да преземе мерки за контрола на цените, најави Христијан Мицкоски.
- „Очекувам детално реферирање на седницата, по што ДПИ, заедно со Министерството за економија и труд, ќе излезат со конкретни параметри. Ако системот не функционира како што треба – од производителите, преку дистрибутерите, до трговските ланци – Владата ќе мора да реагира со дефанзивни мерки за контрола. Оваа акција ќе биде проширена и на други економски оператори, вклучувајќи аптеки и продавници за бела техника. Неприфатливо е исти производи да бидат два до три пати поскапи кај нас отколку во соседството“, изјави Мицкоски.