- Ние ќе продолжиме да се стремиме кон ЕУ, тоа е наша цел, тоа е нашата крајна дестинација. Дали ќе го одблокира ЕУ поради барањето на една земја членка да го блокира овој наш процес, тоа зависи од сама ЕУ, не зависи од нас.
Ние дадовме премногу како ниту еден народ, ниту една земја за таа ЕУ.
Сменивме име, знаме, банкноти, устави менувавме, какви ти се не кнедли и понижувања истрпевме, за жал се наоѓаме на истото место како пред 25 години.
Сега треба некој таму во Брисел да погледне кон себе дали навистина сака да го види овој регион и оваа мала малубројна земја во срцето на Балканот со луѓе со големи срца во Брисел, вели Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски од Студеничани.