По присуството во спортската сала во Вашингтон, каде што се одржуваше претседателската парада на Доналд Трамп, премиерот Христијан Мицкоски замина во посета на црквата „Св. Никола во Њу Џерси, а при тоа се сретна и со членови на македонската дијаспора во САД.
-Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи.