Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, соопшти утрово премиерот Христијан Мицкоски во објава на социјалните мрежи. Потенцира дека според негово длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата.

„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македонија мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое ја држи заробена и заложник и е причина за нејзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните.

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македонија мора да победи!“, објави Мицкоски на својот официјален Фејсбук профил. Премиерот пред почетокот на 2025 година изјави дека се размислува за неколку потези после празниците во однос на Судскиот совет.

-Размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи тогаш на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ