Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕКА ВЕДНАШ ЌЕ БИДАТ ПРОВЕРЕНИ ТВРДЕЊАТА ЗА СОМНИТЕЛЕН ИЗБОР НА ФИРМА ЗА НАБАВКА НА СОЛ ЗА ПАТИШТАТА

Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари на денешната седница на пратенички прашања, побара одговор од претседателот на Владата на Република за Северна Македонија, Христијан Мицкоски за злоупотреба на народни пари, посочувајќи пример со тендер за избор на фирма за набавка на сол за јавните патишта низ земјава. Ајдари посочи дека договорот е од 2,3 милиони евра, а според која тендерите биле добиени на сомнителен начин, за да се фаворизира компанија, која немала и ниту еден вработен. Таа побара дали премиерот, Мицкоски ќе гарантира да има истрага за овој случај или как ошто рече скандалот ќе се заборави.

Претседателот на Владата, Мицкоски во својот одговор истакна дека тврдењата на пратеничката Ајдари за тендерот за набавка за сол за јавните патишта ќе бидат проверени уште денеска. Минималната плата ќе биде онаа плата која што ќе ја договорат работодавачите и работниците. Ние сме страна која може да го фасилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога -И доколку има основано сомневање за сторено кривично дело, веднаш ќе биде истото санкционирано. Толеранција за криминал ниту има, ниту ќе има, кој и да го прави тој обид. Така што бидете сигурни дека оваа Влада, принципот како до сега нема да биде апликативен, изјави Мицкоски.

Пратеничката Ајдари постави прашања и за вицепремиерот, Изет Меџити и за министерот за европски прашања, Орхан Муртезани за последната посета на Милорад Додиќ, како и дали ќе побараат одговорност од заменик премиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ за организирање на спектакл, за кој, како што рече Ајдари бил проруски и тоа во центарот на Скопје. Пратеничката Ајдари одговорите на поставените прашања побара да ги добие писмено, бидејќи и Меџити и Муртезани не присуствуваа на денешната седница на пратенички прашања.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ