Утре 06.02.2025 година (четврток) во 11:15 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе присуствува во Клуб на пратеници на работен појадок на кој ќе се разговара за серија теренски посети на општините низ Македонија наречени „Каде срцето е дома“ со цел да се мапираат сите предизвици во нив и да се сублимираат насоки за нивно надминување.
Воедно, посетите ќе се искористат и за увид на реализација на инфраструктурните проекти финансирани со средства од централниот буџет, како и за размена на искуства и идеи за потребите на отворениот процес за измени на Законот за локална самоуправа.