Српскиот естраден уметник Драган Ќирковиќ на социјалните мрежи објави снимка од неговиот настап на годинешниот „Европски Ромски бал“ на ко се гледа како премиерот Христијан Мицкоски и дел од неговите блиски соработници, како специјални гости на настанот, од своите почесни места го следат настапот на Ќирковиќ и неговиот оркестар, кој за нив ги пеат песните „Милке, душо“ и „Македонско девојче“. Пејачот во текот на солото ги поздравува премиерот и неговата придружба на српски јазик.
@cira_music Premijer Makedonije uživa u izvedbi orkestra Dragana Ćirkovića Ćire #nikolaajdinovic #dragancirkoviccira #muzikasabalkana #skopje #mickoski #fy #viral ♬ son original – cira_music