Наскоро започнува новата учебна година, луѓето почнуваат да се враќаат од годишните одмори, па затоа мора градот да функционира нормално. Подготвен сум да разговарам со раководството на Град Скопје, подготвен сум на сѐ, ама ако гледам дека нема прогрес, тогаш ќе мора да делуваме радикално, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Сѐ што е потребно ќе направам само да се решат проблемите во главниот град кои им го отежнуваат, па и им го загрозуваат животот на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија по повод пуштање во употреба нова медицинска опрема во вредност од милион евра. Подготвен сум на секакво решение, додаде тој, но ако нема прогрес, тогаш ќе мора да делуваме радикално.