Friday, May 16, 2025
11 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ЗА ДИПЛОМАТСКИТЕ ПАСОШИ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ : НЕ МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ РАСФРЛАМЕ СО ИМОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните и тој имот да се користи на начин којшто е надвор од законот, посочи премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот со дипломатските пасоши кои ги бараат антикорупционерите.

Мицкоски денеска на поставувањето на камен-темелник за изградба на нова градинка во Трубарево, во одговор на новинарско прашање поврзано со барањето дипломатски пасоши од страна на членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) рече дека Министерството за надворешни работи ќе даде информација дали членовите побарале или не побарале дипломатски пасоши, како и која е политиката на Министерството по ова ова прашање.

– Немам информација во врска со дипломатските пасоши на луѓето коишто се дел од Антикорупциска комисија. Се надевам министерот за надворешни работи даде одговор на ова прашање и мислам дека Министерството за надворешни работи ќе ви даде информација дали побарале или не побарале дипломатски пасоши и која е политиката на Министерството, рече Мицкоски.

Досега дипломатски пасош добила само претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, која вели дека е легитимно право на секој член да си побара, а институцијата ќе цени дали им следува. Според Димитровска, дипломатските пасоши им се потребни на членовите на ДКСК поради честите службени патувања во странство и затоа што се тие функционери именувани од Собранието.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ