Не се согласувам со вашата констатација дека не го почитувам договорот од Преспа. Не сум среќен со тој договор, знаете како тој договор беше донесен во Парламентот, кога пратеници за уши се носеа, а претходно притвораа и затвораа, се уценуваа за да гласат за тоа што се случи тогаш. Но, тоа е во функција, тоа е реалност.Јас пред 4 години самиот кажав дека овој договор е реалност и покрај тоа што трпев големи политички напади од крајната десница или левица, како сакате во Македонија. Така што се што е содржано во договорот го почитувам, целокупната официјална, формална, институционална комуникација е апсолутно со придавката.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Ал Џезира.

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ЗА АЛ ЏЕЗИРА БАЛКАНС : НЕ БИ СЕ СОГЛАСИЛ ДЕКА НЕ ГО ПОЧИТУВАМЕ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, НЕ НИ СЕ ДОПАЃА, НО ЌЕ ГО ПОЧИТУВАМЕ
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ