ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ДО СНОПЧЕ ОД ВРЕДИ КОЈ СЕ ЗАКАНИ СО НАПУШТАЊЕ НА КОАЛИЦИЈАТА СО ВМРО-ДПМНЕ ДОКОЛКУ ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ БИДЕ ДОНЕСЕН – ,,НЕКА МУ Е СО СРЕЌА”

0
257

По изјавата на Халил Снопче, заменик претседател на „Вреди“ дека ќе излезат од владината коалиција доколку се изгласа Законот за бранители, денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, како планира ова да го реши, кусо одговори „Нека му е со среќа“.

Премиерот беше и со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој најавил протести и реагирал за укинување на балансерот.

– ИСТО ТАКА И НА НЕГО ИМАМ ДА МУ ПОРАЧАМ ДОБРО ЗДРАВЈЕ И НЕКА МУ Е СО СРЕЌА, ИЗЈАВИ МИЦКОСКИ.

Видео : Прес24