ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ДО ПЕНЗИОНЕРИТЕ : УЖИВАЈТЕ ВО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ ОД 2.500 ДЕНАРИ

0
52

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видео порака преку која им честита на пензионерите за покачувањето од 2.500 денари што ќе го добијат утре.

-Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност, вели Мицкоски.

Тој изјави и дека утре на пладне ќе биде отчетот на Владата каде што ќе може да се види што е направено во овие 100 дена.

Идната година, во март пензионерите пак ќе добијат покачување.