Со највисоки државни почести премиерот Христијан Мицкоски утрово го пречека својот српски колега Милош Вучевиќ кој со владина делегација денеска е во официјална посета на земјава.
Свечената церемонија од дочекот се одржа на платото пред зградата на Владата, каде што по интонирањето на химните на двете држави, Мицкоски и Вучевиќ, движејќи се по црвениот килим, оддадоа почит и се поклонија пред државните симболи на земја.