Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ГИ ОБВИНИ ЛЕВИЦА И АПАСИЕВ ДЕКА КУПИЛЕ НЕЗАКОНСКИ НЕДВИЖЕН ИМОТ : „ПОЗНАТ ВИ Е ОВОЈ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ?“

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека купил деловен простор по ниска цена а во центарот на Скопје, како и дека сторил кривично дело.

Потоа ги повика институциите да истражат. На ова одговори и Апасиев, кој го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“, посочувајќи дека е спремен за кривичната пријава.

„Политичката партија Левица купила деловен имот од 409 метри квадратни на адвокатската улица зад седиштето на компанијата А1, верувале или не, за цена од 295.000 евра со ДДВ или просечно квадратот на овој објект е 721 евро во центар на Скопје. За какво кривично дело е ова професоре? Сега ќе ви кажам.. Градот Скопје ви пресметал дека ова кривично дело кое го зборувам е еднакво на цена квадрат од 1150 евра, па сте платиле данок во вредност од 739.285 денари. Ова кривично дело е, некое кривично цело, ќе видиме, ќе се позанимаваат органите. Ова дело е преку Универзална инвестициона банка“, рече Мицкоски.

Потоа премиерот Мицкоски покажа фотографии од Соравија од нејзиниот екс сопственик и внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети :

„Што е заедничко помеѓу ова и ова? Извршителот Андреја Буневски. Тој е заеднички извршител за двата објекти. За Соравија очигледно не успеа бизнисот и е закажано јавно наддавање и проценета на 22.4 милиони евра, па имам дилема, дали како што го купивте овој деловен објект, а сте неподмитливите, ќе наддавате и за Соравија од 22.4 милиони евра“, изјави премиерот Мицкоски од собраниската говорница.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ