Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВО БУДИМПЕШТА СЕ СРЕТНА СО МАКРОН : ОПТИМИСТ СУМ ЗА НАШАТА ИДНИНА, СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИТЕ АРГУМЕНТИ И ВИСТИНАТА КОЈА Е НЕЗАОБИКОЛИВА

На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

-Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, пишува Мицкоски.

Премиерот  учествува на Самитот на Европската политичка заедница, кој започна вчера попладне во Будимпешта.

– Во текот на денот со мојата делегација имав средба на кои се разговараше за нашата економска иднина, за  нашите перспективи и за нашите погледи за еворинтегративниот пат. Се секоја средба се повеќе се бориме за нашите аргументи, за вистината каква што е и каква што ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините кои следат. Мора да успееме и да бидеме таму кадешто заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна. Нашето место е во рамките на Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница сум уште поголем оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно е да ги одбраниме нашите национални интереси, истакна Мицкоски од Будимпешта.

Како што информираа од Елисејската палата, Мицкоски и Макрон се согласиле за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот.

Макрон, како што додаваат од Елисејската палата, му посочил на Мицкоски и дека Франција ќе го поддржи евроинтегративниот пат на државава, но како што потенцирал, во согласност со нејзините меѓународни обврски.

-Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, во согласност со нејзините меѓународни обврски, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ