Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ УЧЕСТВУВА НА 6-ОТ ПАРИСКИ МИРОВЕН ФОРУМ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, граѓански организации, академската заедница, ќе присуствува на отворањето на 6-от Париски мировен форум, информираат од владината прес-служба.

Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.

На Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски ќе се обрати на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзана имплементација на целите за одржлив развој”.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е Ковачевски да има билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ