ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ НА ТРАДИЦИОНАЛЕН БОЖИЌЕН РУЧЕК КАЈ ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ПА, Г.Г.СТЕФАН

0
181

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек којшто го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

На традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино- државниот врв споделија пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за  сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан го организира божиќниот ручек секоја година во чест на божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.