ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ НА РУЧЕК КАЈ ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ОА , Г.Г. СТЕФАН

0
496

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек кој го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

На традиционалниот божиќен ручек, премиерот Ковачевски присуствуваше заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св. Стефан.