ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ДО СОБРАНИЕТО ГО ДОСТАВИ ПРЕДЛОГОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

0
470

Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата. Нови кадровски решенија има за министри во  четири министерства, за правда, за здравство, за информатичко општтсво и администрација и заживотна средина и просторно планирање, како и за заменици министри во пет министерства.

Владината прес-служба претпладнево соопшти дека за министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога, со Министерството за здравство, Фатмир Меџити, со Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, а предлогот за министер во Министерството за животна средина и просторно планирање е Каја Шукова.Предложени се заменици министри во Министерството за одбрана и Тирон Јајага, во  Министерството за правда – Викторија Аврамовска-Мадиќ, во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша, во Министерството за здравство – Маја Манолева, а во Министерството за образование и наука – Агим Нихиу.

Реконструкцијата на Владата Ковачевски ја предлага по заокружувањето на преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците.