ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГО ЧЕСТИТАШЕ ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК БОЖИЌ

0
501

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник, Божиќ. Во честитката, Ковачевски вели дека во духот на денешниот празник е да се потсетиме на неговата симболика – да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош.

„Само со добрина во нашите срца и желбата за сплотеност ќе можеме да ги победиме разните искушенија пред кои сме исправени. Божик е празник кој обединува, кој сплотува, кој значи безусловна љубов. Како што празникот сите нè обединува во семејниот дом, така нека нè обедини и во сите други сфери на живеењето“, вели Ковачевски во Божиќната честитка и порачува да се радуваме на денешниот ден, да ја славиме веста за Христовото раѓање, со љубов и топлина во нашите срца, бидејќи со добра мисла и добри дела можеме да одиме напред и да создаваме подобро утре за сите нас.