Wednesday, July 16, 2025
21.8 C
Skopje

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕЧЕКА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО СТОЛТЕНБЕРГ СО НАЈВИСОКИ ПОЧЕСТИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска со највисоки почести на платото пред Владата, го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета, за прв пат откако нашата држава е членка на НАТО.

Во работниот дел од агендата е предвидена тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со генералниот секретар Столтенберг, по што ќе се одржи билатерална средба на двете делегации, на која што од македонската Влада, покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во рамки на агендата, по завршувањето на билатералната средба ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ