ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГИ ИСПРАТИ МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ПОРТО И ИМ ВЕТИ ПРЕМИЈА ПОЛА МИЛИОН ЕВРА

0
563

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски се појави во авионот пред македонската репрезентација да замине во Порто, им посака среќа на фудбалските херои и им вети премија од 500.000 евра.

Експедицијата на Македонија попладнево летна за Португалија каде во вторник ќе се бори за историски пласман на Светско првенство, против Кристијано Роналдо и „селесао“.

Пред македонската репрезентација да замине во Порто, премиерот Димитар Ковачевски се појави во авионот за да им посака среќа на фудбалските херои.

Тој исто така им даде мотив плус за успех, и вети премија од половина милион евра за победа над Португалија и обезбедување билет за мундијалот во Катар.