ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ВО ПОНЕДЕЛНИК НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕК, УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН

0
217

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува за Брисел каде треба да остави средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На средбата се очекува да се разговара и за последните изјави на еврокомесарот за проширување, Оливер Вахеји, кој рече дека е можно одвојување на процесите за С Македонија и Албанија за пристапување кон ЕУ. На Вархеји му противречеа официјални лица од ЕУ, како и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот и словачкиот шеф на дипломатијата, Иван Корчок, кои инсистираат на побрз почеток на преговори и со двете земји.

Од Владата за „360 степени“ потврдија дека премиерот Зоран Заев ќе има средба во понеделник со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, но детали околу средбата се очекува да бидат објавени во текот на утрешниот ден.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во изјава за „Еуроњуз“, рече дека Брисел би можел да ги продолжи разговорите со Албанија за членство во ЕУ дури и во време кога преговорите со С Македонија се во застој поради бугарското вето.

„Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека немаме успех во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за зедничко решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји.