ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЈА ВРАБОТИ МАЈКАТА НА ПОЧИНАТАТА 20 ГОДИШНА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА ВО НОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОНТАКТ СО ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

0
703

Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Во Канцеларијата вработена е Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката чие срце беше донирано.

-Оваа канцеларија претставува уште една алатка за комуникација со граѓаните, место каде што тие ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози. На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини ќе можат да закажат средба со премиерот Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат.

Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата, меѓу кои и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите – спаси повеќе човечки животи. Премиерот Заев денеска оствари и кратка средба со Белчовска, на којашто разговараа за нејзиниот ангажман во Канцеларијата во Струмица.

Премиерот Заев уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи, соопштија од Владата.