ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ РАСТУРИ НА ГОВОРНИЦА: Имаме договор со 18 странски инвеститори, преговараме со 200 инвеститори во моментов, ВМРО-вци ќе ве растуриме, вие за 11 години донесовте само 23 странски инвеститори а потрошивте 270 милиони евра за реклами и шетање по светот!

0
1640

– Имаме договори со 18 странски инвеститори а во преговори сме со 200 инвеститори во моментов.

Многу бргу ќе го надминеме бројот од 23 странски инвестиции кои владата на ВМРО ДПМНЕ ги донесе за 11 години власт а притоа потроши 270 милиони евра за реклами и шетање.

Оваа влада работи домаќински, им заштедивме на граѓаните десетици милиони евра со ефтина струја и укинувањето на РДТ такса.

Минатата влада пљачкала без усул, стотици милиони евра штети плаќаме во моментов од разни договори кои се направени мафијашки, но ќе го надминеме тоа.

Почнуваме со голема градежна офанзива оваа пролет, околу 2 милијарди евра од грантови, кредити и сопствени средства ќе вложиме во болници, патишта, школи, пруги, хидроцентрали!

Платите се качија за 5%, долгот на државата е намален за 1%, бројот на администрацијата е намален за 1000 луѓе. Качена е и минималната плата.

Носиме гас во Македонија во секој град, ќе ги градме Чебрен и Галиште конечно по 10 години најави и неуспешни тендери.

Покачени се субвенциите и се даваат на време, кога им треба на земјоделците.

Мојата влада потрошила 50% помалку пари за ручеци и патни трошоци од минатата влада, тој тренд на намалување ќе продолжи.