Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска ја отворија новата градинка „Јаболче”.
Како што истакна премиерот Заев, Владата продолжува да ги зголемува капацитетите на градинките во целата држава и да вложува во развојот на децата уште од најрана возраст.