Претседателот на Владата Зоран Заев и генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски, денеска, промовираa шест нови еко-автобуси на природен гас-метан наменети за превоз на работниците на „РЕК Битола“.
Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финансирана со сопствени средства на АД „ЕСМ“ и претставува реализирање на определба опфатена во програмата на Владата.
„Набавката на новите автобуси на природен гас е исполнување на ветувањето на Владата и „ЕСМ“ за подобрување на условите за работа во комбинатот, за намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина“, нагласи премиерот Заев на настанот.