Премиерот Заев им посака среќа на првачињата

0
251

На сите ученици, а особено на првачињата, им посакувам да бидат љубопитни и успешни, бидејќи почнуваат една многу важна етапа во нивните животи. Ова го порача денеска премиерот Заев на Фејсбук.

– Истражувајте го светот околу вас и радувајте се на секое ново знаење. Ние ќе ја продолжиме грижата за образованието и за стандардот на наставниците. Државата вложува во образовниот кадар и во децата, а тој влог ќе расте во иднина. Овој септември, сите наставници ја започнуваат работата со повисоки плати. Бараме начини и за дополнително зголемување на платите, и затоа ги повикувам и наставниците, во интерес на учениците и нивната иднина, вредно и трпеливо да ги исполнуваат професионалните и образовните задачи. Имаме заедничка одговорност да го подобруваме образованието, вели тој.