ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ДОБИ ЈАБОЛКО ОД БУГАРСКА НОВИНАРКА СО ПОРАКА ДА ГО ЗАЧУВАЛ ПРИЈАТЕЛСТВОТО ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

0
324

По завршувањето на денешната прес-конференцијата во Владата, новинарка од Бугарија му подари на македонскиот премиер Димитар Ковачевски црвено јаболко, во знак на, како што рече, доверба дека ќе работи на одржување на единството меѓу двете земји.

-Господине Ковачевски, дозволете ми да ви подарам здраво, црвено, бугарско јаболко во знак на доверба дека ќе го зачувате единството меѓу Бугарија и С Македонија – рече таа и му посака успех во работата.