ПРЕМИЕРЕ, ПРАВИТЕ МНОГУ ГРЕШКИ, ИМАТЕ ВРЕМЕ ДА ГИ ПОПРАВИТЕ ГРЕШКИТЕ И ДА ПОБЕДИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО 2024-ТА!

0
600

СДСМ последните 10 години е многу слаба на медиски план. Се чини само првите 10 години, во 90-тите, СДСМ го правеше ренде ВМРО ДПМНЕ, потоа работите се сменија и до ден денеска СДСМ е во медиска дефанзива и никако да се снајде во демократијата каде има 1000 медиуми ако се соберат сите портали весници радија локални и државни телевизии плус инфлуенсери на социјални мрежи. Се чини СДСМ уште пати по времето кога во земјава имаше само 3 медиуми, МТВ, македонско радио и Нова Македонија. Тогаш во 90-тите, Бранко и Киро даваа едно интервју на секои 6 месеци а се појавуваа на настани еднаш месечно. Но денеска е друго време.

Заев правеше многу грешки воден од една утописка идеја со која лично сум се расправал со него а тоа е неговото верување дека НАРОДОТ СИ ЗНАЕ, НЕМА ШТО НИЕ ДА МУ ОБЈАСНУВАМЕ?!?! ВМРО ДПМНЕ па оди обратно од таа мисла на Заев, они се водат по девизата НАРОДОТ Е УДРЕН СО МОКРА ЧОРАПА! Вистината е некаде измеѓу. Ковачевски се обидува нешто да промени и еве кои се моите предлози како СДСМ да се организира и да тргне во напад со што ќе ги зголеми своите шанси да победи во 2024-та:

  • народот се навикна на моќна ПР пропаганда па сега кога владата на СДСМ нема таква моќна пропаганда народот го толкува како ЕЈ ПА ОВИЕ НИШТО НЕ РАБОТАТ И ЗАТОА НЕМА ШТО ДА СЕ ПОФАЛАТ?!?! ВМРО ДПМНЕ тоа го знае па прави пресови со изјави НАРОДОТ НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ВИДИ ОД ТОА ШТО ВЛАДАТА ВЕЛИ ДЕКА СРАБОТИЛА?!?! Значи дури и ВМРО ДПМНЕ знае дека владата работи па не одат со изјава НИШТО НЕ РАБОТАТ туку дека НАРОДОТ ТОА НЕ ГО ГЛЕДА?! Затоа владата треба да се фокусира на подобра презентација на сработеното и треба да се направат неколку брошури и да се поделат на народот на пример сликовница со сите 75 градинки зља 5500 деца, сликовница со сите странски и домашни нови инвестиции и нови фабрики и фирми, сликовцница со сите нови патишта, нови водоводи, нови ветерни централи и нови фото волтаици, нови канализации, реновирани болници и полициски станици и во исто време да се направат и веб сајтови на пример novigradinki.mk, noviinvesticii.mk, novipatishta.mk итн итн и тие линкови да ги шерува премиерот редовно на своите профили и да ги споменува во своите настапи.

Саше Ивановски – Политико, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.МК