Преку vakcinacija.mk ќе се врши пријавувањето за вакцинација против ковид-19

0
543

Веб страницата преку која граѓаните ќе може да се пријавуваат за вакцина против ковид-19 е vakcinacija.mk да се пријавуваме за вакцина против коронавирус, дознава „ТВ21“.

Веб стрницата е со наслов Апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против вирусот ковид-19.

Веб страницата според најавите на Министерството за здравство треба да започне со работа утре.

Ќе може да се пријават сите граѓани, а потоа ќе се утврди приоритетот со помош на системот „Мој тремин“.

Имунизацијата во Македонија ќе започне со кинеските вакцини веднаш што пристигнат, а се очекува и пратката од Фајзер.

Од кинеската Синофарм очекуваме 200.000 вакцини со кои ќе може да се услужат 100.000 граѓани.