ПРЕД ДВА ДЕНА ГО ОДНЕСЕ ВОДАТА: Бугари со сонда го бараат 11-годишниот Иван од Стајковци

0
1546

Армиски „ренџери“, селани од село Стајковци, а од денеска и екипи од Бугарија со специјална сонда го бараат 11-годишниот Иван, кој исчезна во саботата попладне кога со тракторот со кој се враќал со дедо му од нива излегле на патот накај Стајковци. Таму ги пресретнала водената стихија и ги исфрлила во околните ниви, пренесува „Телеграф.мк“.

Водата го турнала тракторот во нивите, го превртела неколку пати и ги прекрила Иван дедото и Иван внукот.

Поради големото невреме во саботата, пет-шест часа никој не можел да ги бара. Потрагата почнала вчера во 5 часот изутрина, откако се повлекла дел од водата. Бранот го фрлил дедото на една гаража, каде што се задржал, и така успеал да се спаси, па го нашле. Од детето немало никаква трага сè до вчера, кога биле најдени неговата капа и едниот чевел. Иван го нема.

Повеќе ОВДЕ