Во продолжение на денешното судење за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека по доаѓањето во Скопје и довезувањето на „ситроенот“ на убиениот Панче Жежовски, сакале со Боре Видевски да заминат од Скопје.
Потоа тој сведочеше дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо сакал да киднапираат уште две лица, директорот на „Гранит’, како и ќерка на сопственик на веледрогерија. „Зошто е сево ова?“, го прашал Манев првообвинетиот Љупчо Палевски. „Прекини Вељо! Ништо не разбираш!”, му рекол заканувачки Палчо. Сакале да си одат со Боре за Велес, со автобус.
Палевски му рекол: „Еве ти го ‘реното кангу’, да се вратите вечер. „Вечерта нè однесе во местото Оризови дупки, над Скопје. Мислев тука ќе се чува грабнатата жена на возраст од 38-40 години. Се вративме во канцеларија. Во четвртокот рано на 24 ноември година тргнавме да ја грабнеме жената. Отидовме со ‘ситроенот’ на Панче и со ‘реното кангу’. Задоцнивме. Се вративме во канцеларија па со ‘кангуто’ продолживме за Велес”, сведочеше Манев.
„Кога следен пат дојдовте во Скопје?“, праша неговиот адвокат. „Четвртокот вечерта повторно дојдовме за да пробаме повторно да ја киднапираме жената. Петокот сабајле повторно застанавме во зградата. Палчо рече да се бутне жената прво, да се донесе до сутеренот и таму да ја врземе. Не успеавме, се одложи и ова грабнување“, одговори Манев. „Која личност сакавте да ја грабнете?“, праша адвокатот. „Претходно Палевски спомнуваше повеќе личности за киднапирање.
Едната личност, беше директор на ‘Гранит’. Потоа се одлучи за жена, ќерка на некој од фармацевтскиве куќи. Ја следел кога излегува, каде работи, ја сликал. Жената навистина изгледаше на 38-годишна возраст и не личеше на дете”, сведочеше Велибор Манев.
По неуспешните киднапирања, дошол 27.11.2023 година, денот на грабнувањето и убиството на Вања.
- ДОДЕКА ГО СПРЕМАВ ЖЕЖОВСКИ ЗА ВО ДУПКАТА, ПАЛЕВСКИ ОДЕДНАШ МУ ПУКНА ВО СЛЕПООЧНИЦАТА И МИ КАЖА: „ВАКА Е ПОЧИСТО!”, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВ
- ПАЛЕВСКИ ГИ НАТЕРАЛ ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ ДА ИСКОПААТ ДУПКИ НАД ВЕЛЕС ЗА КИДНАПИРАЊЕ ЛУЃЕ, ЗА ДА ГИ СТАВААТ ВНАТРЕ СО ВРЗАНИ ТЕГОВИ НА НОЗЕТЕ, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВ
Судењето е во тек. Обвинети за киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Извор : СДК.МК – С. К. ДЕЛЕВСКА