Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 12 часот продолжуваат во Клубот на пратеници во Скопје. Се очекува да се разговара за последното отворено прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи.
Преговорите синоќа, пак, завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по средбата истакна дека на маса има интересен предлог и дека до крајот на неделата очекува решение на кризата.
Посредници беа американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав, кој е на дополнителни консултации во Брисел.
Партиите за време на викендот имаа внатрепартиски консултации за единственото преостанато спорно прашање – ингеренциите на министерот за внатрешни работи.
Извор: Мета