Седумнаесетгодишник е тешко повреден откако бил удрен од „фолксваген голф“ во центарот на Скопје.
„Вчера околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.