Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните информации прегазени жена и дете кои биле на велосипед и требало да поминат на пешачки премин.
Во нив удрил автомобил. Местото е во близина на трговскиот центар Сити мол. Детални информации засега нема а фотографии од несреќата се појавија на социјалните мрежи.