Првиот човек на НАТО Столтенберг го истегна фокусот на Водно, Хорхе за тоа УШИТЕ : Политичките лидери во Скопје се одговорни да го почитуваат исходот од демократските процеси и во краток рок да придонесат кон формирање на функционална и ефективна влада која ќе продолжи со итните реформи

0
1859

Генералниот секретар на НАТО Јенс  Столтенберг во писмо до претседателот Иванов истакнува дека политичките лидери во Македонија треба да се фокусираат на имплементирање на договорот од Пржино како рамка за одржливо решение на политичката криза.

– Изборите од 11 Декември биле есенцијален чекор кон решавање на кризата. НАТО не се инволвира во внатешните процеси во Македонија, ниту зазема страна. Но, имаме интерес да ги почитуваме политичките вредности и принципи на кои почива алијансата. Политичките лидери во Скопје се одговорни да го почитуваат исходот од демократските процеси и во краток рок да придонесат кон формирање на функционална и ефективна влада која ќе продолжи со итните реформи – пишува Столтенберг.

Во писмото, кое го објави порталот на албански јазик Журнал, Столтенберг истакнува дека членките на НАТО на средбата на 14 Март изразиле сериозна загриженост за политичката ситуација и апелираат сите партии да се придружваат и да го почитуваат владеењето на рпавото.

-Од Вас претседателе и од останатите политички лидери очекувам да го почитувате Уставот и демократските норми. Ги повикувам и партиите да се воздржат реторика која  сугерира делби разгорува етнички тензии – пишува Столтенберг.NATO-ZH1-670x897 NATO-ZH2-670x897